Природен чај за искашлување: Кога ќе имате проблем со сува кашлица, ова е спасот
Освен напивката од ѓумбир, лимон и мед, испробајте го и овој чај.
Главните две состојки се ленено семе и мајчина душица.
Чајот од ленено семе и мајчина душица ќе ви помогне во разредувањето и исфрлањето на насобраната слуз од белите дробови.
Овој чај дејствува и во случај на сува и надразнета кашлица така што ја смирува слузницата и бронхијалните мускули.
Ленено семе – ефикасна помош за сува и влажна кашлица
Кога се потопени во вода, семињата од лен испуштаат лековита слуз која во допир со грлото и слузницата дејствуваат смирувачки и истовремено ги прочистуваат бронхиите.
Освен тоа, семето од лен е богато со влакна, па секако ќе ја подобри вашата дигестија, а и богато е со омега-3 масни киселини и манган.
Мајчина душица – природен лек за кашлица
Популарната медитеранска билка мајчина душица од дамнешни времиња се користи за лековити цели, па така и за ублажување кашлица, бронхитис и сите други проблеми поврзани со респираторниот систем.
Познато е дека дејствува антибактериски, антимикробно, противгабично и антивоспалително.
Дејствува така што ги опушта мускулите на бронхиите. Мајчината душица се покажала делотворна и во случај на бронхитис, односно острата кашлица што често ги погодува децата.
Рецепт за чај за искашлување
Состојки:
3 лажици ленено семе
1 лажица сушена мајчина душица
Приготвување:
Во лонец ставете 3 лажици ленено семе, па прелијте го со половина литар вода. Оставете да врие околу 10 минути.
Потоа, додајте и лажица мајчина душица, тргнете го од рингла и оставете го поклопен 20 минути. Исцедете го чајот. Пијте го повеќепати во текот на денот, по една-две голтки.
Чајот секогаш треба да биде млак кога го пиете, никако ладен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа