Приведени дрвокрадци од Куманово и Крива Паланка
Доцна синоќа околу 22.30 часот во населба „Ајдучка чешма" во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.
При преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа