Приведени две лица барани по потерница - скопјанец ќе лежи три години и два месеци затвор
Утрово приведени се две лица од Скопје барани со потерница.
На 14.01.2025 во 05.10 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Н.С.( 48) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна од три години и два месеци за сторено кривично дело во врска со член 396 од КЗ (неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи). Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
На 14.01.2025 во 07.35 часот на ул.134 во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ. (46) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба на OJO Скопје, во врска со член 215 од КЗ (Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори). Лицето ќе биде предадено на ОЈО Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа