Приведени две лица од Куба кај наплатна рампа „Демир Капија“

 

Полициски службеници синоќа во 23.10 часот на автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна рампа „Демир Капија“ ги привеле Ц.В.О.Р.(29) и Р.С.Р.(21), двајцата од Куба.

МВР информира дека причина за тоа е што по извршената контрола во службената евиденција било констатирано дека немаат остварено влез во државата на граничен премин.

„Лицата се предадени за понатамошна постапка на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал миграции странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ“, соопшти полицијата.

 
14.08.2022 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега