Проданоски: После седум години девастиран систем, СДС глуми загриженост и продава демагогии

 

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски, во Клан дебата на истоимената телевизија, истакна дека економијата за разлика од пред седум години, се обновува и се оди кон зголемување на економскиот раст, меѓутоа го потенцираше фактот дека седумгодишното упропастување на системите довело до сето ова денес повторно да се обновува.

„После седум години девастирана држава, упропастени сите системи кои што беа воспоставени претходно и навистина е тешко да се направи еден таков брз старт како што очекуваат граѓаните, меѓутоа сите овие политики кои што се спроведуваат во последните месеци од кога ВМРО-ДПМНЕ ја има власта, покажуваат резултати“, изјави Проданоски во контекст на економијата и додаде дека мерките преку кошничките што ги презема Владата, дале придонес до некоја мера.

Проданоски исто така додаде дека дотолку бил уништуван економскиот систем во државата со тоа што немало ниту пари за плати, а Буџетот бил направен од тогашната власт, за да се издржи само 6 месеци, односно како да знаеле дека толку ќе бидат на власт.

„Наследивме девастиран Буџет, прогнозиран односно проектиран само за 6 месеци во 2024 година, како да знаеа владејачкото тогаш мнозинство од СДС, дека до 6ти месец завршува нивната сага, односно нивното уништување на Македонија и се пристапни кон ребаланс на Буџетот за да може да се преживее“, посочи пратеникот.

Проданоски напомена во делот на енергетиката дека ќе има нова инвестиција во вредност од 500 милиони евра.

„Сведоци сме дека нашиот премиер кажа дека во скоро време почнува најголемата инвестиција во енергетиката, а тоа се пола милијарда евра за обновлива енергија“, потенцираше Проданоски.

Проданоски нагласи дека е срамно тоа што СДС после 7 години власт, не успеа ништо да направи на полето енергетика, а уште помалку и за стандардот на граѓаните. Тој вели дека доколку сакале да им помогнат на граѓаните, можеле да го направат тоа.

„Жално е да СДС предлага мерки за задржување на стандардот на граѓаните, а истите тие работеа 7 години на уништување на стандардот на граѓаните и ова што се случува сега, не се случи  за еден месец“, потенцираше Проданоски и заклучи. „При висока инфлација се полнеше сериозно Буџетот од даноците и се поставува прашањето, каде се сега тие средства со кои што се полнеше Буџетот, а сите добро знаеме дека завршија во џебовите на тогашните функционери на СДС“

13.02.2025 - 21:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега