Професор од Њујорк има 78 деца: Моментално 13 жени чекаат негово дете- откриена неговата тајна
Професорот од Њујорк Ари Нагел (44) им помогнал на жените да останат бремени по „старомоден“ начин, со сексуални односи со нив, но сега тој е малку повнимателен. Тој вели дека единствената плата за неговите услуги се бакнежите и прегратките што ги добива.
Му се обратиле многу жени на кои им е потребна помош за забременување и затоа тој престана да има сексуални односи со нив, па сега тој доставува сперма во чаши, со цел да се заштити себеси и нив.
Бидејќи тој веќе има 78 деца, а во моментов 13 жени се бремени од него, многумина го нарекуваат Сперминатор.
“I get a lifetime of appreciation, I get a lot of the joy of being a father“ – Sperm donor @ProfessorAri explained on Claire Byrne Live why he has biologically fathered 78 children through sperm donation #CBLive pic.twitter.com/S6zmdVVQk4
— Claire Byrne Live (@ClaireByrneLive) March 1, 2021
- Никогаш не им наплатував за моите услуги на жени на кои им помагав да забременат. Секако, добивам многу бакнежи и прегратки, како и доживотна благодарност. Среќн сум затоа што имам многу деца. Некои од нив ги гледам секој ден, а некои никогаш не сум ги сретнал. Зависи од семејството - рече тој.
Тој им помага не само на жените во Америка, туку и во целиот свет.
- Многу жени кои контактираат со мене се од Америка, но понекогаш се и од други земји. Минатиот месец бев двапати во Африка, а еден месец пред тоа бев во Барбадос и Грузија. Еден месец пред тоа, бев во Русија, патувањето е дел од она што го работам, но огромното мнозинство жени на кои им помагам се од Америка - објасни тој.
Во моментов, 13 жени очекуваат дете со Ари, а сите се вештачки оплодени со неговата сперма.
- Зачнав десетина деца со секс, но тоа беше во почетокот кога не знаев на кој било друг начин. Неколку жени ми се јавуваат секој месец и би било тешко да имате секс без заштита, а во исто време да гарантирате сигурност за себе и за нив. Затоа сега доставувам сперма во чаши - заклучи Ари, пишува The Sun.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа