Прогласен мртов пред 17 години, а сега го пронашле жив: Полицаец преживеал цунами па завршил во психијатриска болница (ВИДЕО)
Полицискиот службеник Абрип Асеп, кој беше прогласен за мртов по разорното цунами во Индонезија во 2004 година, беше пронајден жив во психијатриска болница.
Според странските медиуми, Асеп бил на должност кога Југоисточна Азија била погодена од катастрофа во која загинале најмалку 230.000 луѓе. Семејството сметало дека и тој бил однесен од огромни бранови, па го пријавиле неговото исчезнување, а подоцна бил прогласен за мртов. Се покажа дека тој всушност бил во болница претходните 17 години.
Selepas 17 tahun hilang semenjak tragedi Tsunami di Aceh pada tahun 2004, anggota Ibu Pejabat Polis Daerah Brimob, Abrip Asep ditemui dalam keadaan sihat tubuh badan di rumah sakit jiwa. pic.twitter.com/QzR2TWfHYw
— OHMEDIA.MY (@ohtweet) March 18, 2021
Имено, поради траумата што ја доживеал, се разболел и бил пронајден во психијатриска институција во провинцијата Ацех, каде се лекува.
"Не можев да верувам. Немаше никаква вест 17 години, мислевме дека починал", рече еден роднина.
Локалната полиција потврди дека Асеп е пронајден во психијатриска болница.
„Иако тој има проблеми поради ментална болест, семејството е среќно што го пронајде“, изјави портпаролот на полицијата. Не е наведено зошто семејството не било известено дека тој е жив.
Да потсетиме, на 26 декември 2004 година, Југоисточна Азија беше погодена од земјотрес од неверојатни 9 степени со епицентар во Индискиот Океан, проследено со страшно цунами.
Бранови од дури 30 метри ги опустошија бреговите на Индонезија, Шри Ланка, Индија и Тајланд. Индонезија беше најлоша со дури 167 000 жртви, иако се верува дека бројката е многу поголема.
Илјадници луѓе, или нивните тела, никогаш не биле пронајдени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа