Пронајден е мртов: Близок соработник на Путин паднал од прозорецот на трети кат
Владимир Егоров, сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, во средата е најден мртов, објавија руските државни медиуми. 46-годишниот пратеник на градската дума Тоболск и член на владејачката партија на Путин, Единствена Русија паднал од прозорецот на третиот кат на куќа во Тоболск, соопшти рускиот телеграмски канал База, кој е поврзан со руски безбедносните служби.
Рускиот весник „Известија“ цитираше и извор кој вели дека Егоров можеби паднал од прозорец на третиот кат. Тоа е последен во серијата мистериозни смртни случаи во кои се вклучени истакнати руски личности откако силите на претседателот Владимир Путин ја нападнаа Украина минатиот февруари, пишува Newsweek.
Руското издание 72.ру цитираше очевидец кој вели дека Егоров паднал од прозорец на третиот кат. Руската телевизија РЕН ТВ, исто така, на сличен начин ја објави веста за смртта на пратеникот во градската дума во Тоболск. Најавено е дека ќе биде извршена обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
Прес-службата на Истражната управа за регионот Тјумен изјави за руската државна новинска агенција РИА Новости дека истражителите „ги утврдуваат сите околности на инцидентот“. Егоров минатата година стана еден од најбогатите претставници во Тоболск, со приход од 9,1 милиони рубљи (околу 93.000 евра), објави денеска рускиот медиум РБЦ.
Од 2007 до 2014 година, Егоров го предводеше Комитетот за земјишни односи и шумарство во Тобољск. Во 2016 година тој беше осуден затоа што не платил кирија за општинско земјиште на бизнисмен, но на крајот беше ослободен од обвиненијата. После тоа, основал рекреативен центар и бил избран во градската дума Тобољска, објави РБЦ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа