Пронајден скелет во стан во Белград, станарот никој не го видел три години

Човечки скелет бил пронајден вчера во стан во Белград. Според српските медиуми, скелетот бил пронајден во населбата Врачар, во станот во кој живеел 90-годишен старец.

Соседите наводно не го виделе човекот од 2020 година.

Соседите не пријавиле ширење на непријатна миризба, а не е јасно зошто телото не е пронајдено порано.

Наредена е обдукција, која ќе покаже дали навистина се работи за 90-годишниот станар на зградата, пишува „Н1“.

22.01.2024 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега