Пронајдена неексплодирана авионска бомба во Крушево

Неексплодирано убојно средство (НУС), конкретно авионска бомба од минатите војни, е пронајдена во с.Бучин, Крушево, информираат од ЦУК.

За понатамошно постапување известени се МВР ПС Крушево и ДЗС Битола.

Од ЦУК се апелира до граѓаните да не ги фаќаат и поместуваат неексплодираните убојни средства кога ќе ги најдат, бидејќи не се знае кога може експлодира, туку едноставно да се јават и да ги пријават на 112 во ЦУК, како и кога се реагира при сите други разни потенцијални опасности за граѓаните и околината.

02.07.2024 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега