Просечната плата во Софија надмина 1000 евра

Просечната плата во Софија за првпат надмина 2.000 лева и за месец декември 2021 година таа веќе е 2.031 лева (1.016 евра) соопшти Националниот статистички институт на Бугарија.


Како што јави дописникот на МИА, граѓаните на Софија добиваат повеќе од 560 лева (280 евра) во споредба со просечната плата во Бугарија, која за декември 2020 година беше 1.468 лева (735 евра).


Со исклучок на платите во Софија, личните приходи во Бугарија имаат просек од околу 1.140 лева (620 евра), што значи дека оние што работат во главниот град заработуваат во просек 77 отсто повеќе.

На второ место во Бугарија е Враца, каде луѓето во просек заработуваат 1.397 лева (716 евра). Враца го држи второто место поради отворање фабрики за производство на електроника за автомобили во градот.

Третото место е за областа на Софија со 1.346 лева (690 евра). Причината за ова е што многу луѓе од овој регион работат во главниот град на Бугарија и компаниите во оваа област исто така плаќаат поголеми плати за да ги задржат своите вработени.

Стара Загора е на четвртото место со просечна плата од 1.295 лева (664 евра). Главната причина за релативно високите плати во градот се фабриките за производство на делови за автомобили. Варна останува на петтото место со 1.287 лева (660 евра) месечен просек месечно. Следни според платите се областите Пловдив 1.259 лева (645 евра), Габрово 1.211 лева (621 евра), Русе 1.188 лева (609 евра), Шумен 1.173 лева (602 евра) и Бургас 1.171 (600 евра).

Округот Видин е на последното место според платите во Бугарија со 952 лева (488 евра).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа