Протекоа детали од судските документи: Откриено е што барала Кардашијан од Вест за време на разводот
Ким Кардашијан и Канје Вест официјално се разведоа пред неколку дена. Сега се појавија и судските документи во кои може да се види што истакнала Ким за него.
Имено, таа буквално му порачала на поранешниот сопруг да продолжи по својот пат.
-Навистина сакам развод. Го замолив Канје да го чува во тајност нашиот развод, но тој не го стори тоа. Канје обелодени многу дезинформации за нашите приватни семејни работи, што ми предизвика емоционален стрес. Верувам дека судот кој ни го раскина брачниот статус ќе му помогне на Канје да прифати дека нашата брачна врска е завршена и да тргнеме напред на подобар пат кој ќе ни помогне да го надминеме ова мирно, пишува во тој документ.
Ким и Канје се договорија за заедничко старателство над нивните четири деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа