Прв пат во 80 години: Во засолниште за слонови на Шри Ланка на свет дошле близнаци
Во засолништето за слонови на Шри Ланка, во вторникот, прв пат по речиси 80 години, на свет дошле близнаци, објавило здружението за заштита на диви животни.
"Reuters" пишува дека во засолништето за слонови Пинавала, 25-годишна слоница по име Суранги на свет донела близнаци. Гордиот татко е 17-годишен слон по име Панду, исто така корисник во засолништето.
"И слончињата и нивната мајка се добри. Бебињата се релативно мали, но се здрави", рекла за "BBC" Ренука Бандаранаике, директорка на Пинавала, додавајќи дека вакво нешто се случува многу ретко.
Експертот за слонови Јајанта Џајевардене вели дека станува збор за првите близнаци слонови родени на Шри Ланка од 1941-ва година.
Првите познати слонови близнаци на свет дошле во дивина, во националниот парк Минерија, кој се наоѓа на истокот на Шри Ланка. Според податоците на Друштвото за заштита на животни, изгледите слоновите да добијат близнаци изнесуваат само еден процент, а повеќето близнаци на свет ги носат дивите африкански слоници. Засолништето за слонови Пинавала е основан во 1975-та година. Целта му е да спасува повредени слонови и напуштени младенчиња кои во дивината би биле осудени на сигурна смрт. Во Пинавала моментално има повеќе од 90 слонови, а сега на листата се додадени и близнаците, гордо рекла Бандаранаике.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа