Прв случај на мајмунски сипаници во Србија
Еден маж кој пристигнал во Србија од Германија е заразен со мајмунски сипаници, откриваат српските медиуми.
„Пред три дена, во вторникот бил примен во клиника во Белград со сомнеж дека има мајмунски сипаници, а потоа официјално е потврдено тоа е првиот таков случај во Србија, пишува српски „Курир“.
Српските здравствени власти апелираат до граѓаните да ги применуваат сите превентивни мерки и да ги почитуваат препораките на здравствените институции.
17.06.2022 - 15:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа