Психијатриските клиники одбиваат да ја примат девојката која избоде три лица во Софија
Дваесет и двегодишна жена денеска избоде тројца мажи во парк во Софија, а еден од нив е во тешка состојба, јавија бугарските медиуми.
Девојчето наводно е уапсено во меѓувреме.
Очевидци тврдат дека девојка со голем нож нападнала тројца минувачи во парк, пренесува бугарскиот портал „Новини“, додавајќи дека насекаде имало многу крв.
Наводно, мајката и рекла на полицијата дека нејзината ќерка одбива да ги зема лековите што и биле препишани и дека нејзината состојба нагло се влошила последните денови.
„БНТ њуз“ пренесува дека сите психијатриски клиники во моментов одбиваат да ја примат 22-годишната девојка, поради недостаток на простор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа