Пукање утрово во Скопје - Едно лице се бори за живот

 

Пукотници утрово го потресоа скопското село Волково. Според информациите на "Скопје 1", две лица се повредени, од кои едно се бори за живот, по расправија која кулминирала со пукање.

- „Од страна на едно лице било пукано од огнено оружје кон соседите, има повредени“, велат од МВР за „Скопје1“.

Десетици полицајци и Брза помош се на местото на настанот.

Се очекуваат повеќе детали.

24.03.2025 - 10:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега