Путин: Не ми треба нуклеарно оружје за да победам во Украина

 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека за победата на Москва во Украина не е потребно нуклеарно оружје, што е најсилниот сигнал досега од Кремљ дека нема да има нуклеарен напад. 

Путин, чии сили напредуваат во источна Украина во последните месеци, рече дека не гледа услови за употреба на такво оружје и повика да се прекине разговорот за тоа.

Но, тој додаде дека не исклучува промени во руската нуклеарна политика, која ги дефинира условите под кои може да се користи таквото оружје. Тој, исто така, рече дека Русија може да тестира нуклеарно оружје доколку е потребно, иако тој не гледа потреба да го стори тоа во овој момент.

Путин на тој начин одговори на прашањето на Сергеј Караганов, влијателен руски аналитичар, кој го праша дали мора да држи „нуклеарен пиштол до слепоочницата“ на Западот во однос на Украина.

„Употребата е можна во исклучителен случај – во случај на закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата. Мислам дека тоа не се случи. Нема потреба“, рече Путин на Меѓународниот економски Форум во Санкт Петербург.

„Но, доктрината е жива алатка и ние внимателно следиме што се случува во светот околу нас, така што не исклучуваме некои промени во неа. Ова исто така важи и за тестирање на нуклеарно оружје“.

Руската нуклеарна доктрина, објавена во 2020 година, ги дефинира условите под кои рускиот претседател може да размисли за употреба на нуклеарно оружје, т.е. како одговор на напад со нуклеарно или друго оружје за масовно уништување или на употреба на конвенционално оружје против Русија „кога се загрозува самото постоење на државата“. 

„Ако треба ќе направиме тестови, засега нема потреба ниту од тоа“.

 
07.06.2024 - 19:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега