Рација во Бугарија: Пет лица приведени откако во камион бea пронајдени тела на 18 мигранти

 

Поради трагедијата во која во камион во Бугарија беа откриени 18 тела на мигранти, досега се приведени најмалку пет лица. Полицијата синоќа упаднала на повеќе адреси низ државата, а истрагата продолжува, пренесуваат бугарските медиуми.

Мигрантите, чии тела биле откриени во камион недалеку од Софија, најверојатно загинале поради недостаток на воздух во товарниот дел на камионот. Заменик главниот обвинител Борислав Сафаров изјави дека неколку мигранти се задушиле.

„Неколку патници во камионот се задушиле. Пронајдовме 18 тела и 34 преживеани Авганистанци“, изјави Сафаров.

Дел од нив се приведени во полиција поради претходни кривични дела, изјави директорот на полицијата Атанас Илков.

„Постои основано сомнение дека некои лица учествувале во криумчарење луѓе“, додаде Илков.

Потрагата по куќи и станови во Бугарија ќе продолжи и денеска. Полицијата и истражителите ќе се обидат да утврдат кој управувал со камионот кога биле пронајдени мигрантите, бидејќи возачот избегал од возилото.

Од болницата Пирогов во Софија известија дека ноќта поминала мирно за повредените мигранти, кои биле сместени во тој објект.

18.02.2023 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа