Ракијата е здрава ако не се претера: Поради овие причини е добро да ја пиете

 

Конзумацијата на ракија може да ви донесе и неколку здравствени предности – секако, доколку не претерувате!

Го продолжува животниот век

Преголеми количини ракија и било кој друг алкохол, дефинитивно ќе ви го скратат животниот век, но умерена количина може да ви го продолжи. И тоа поради што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главен причинител за староста.

Ослободува од стрес

Доколку пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем, така што ве опушта. Повторуваме: Само доколку пиете во умерени количини.

Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар

Одлична работа кај ракијата е што спречува наслаги на холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем. А сето тоа ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.

Помага при спречување настинка

Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи и како одличен сируп за кашлица. Исто така алкохолот ги убива бактериите во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимон.

Не дебелее

Еве одличен аргумент – за разлика од газираните, па дури и некои „природни“ сокови, ракијата е алкохол со многу мал број калории.

10.10.2022 - 23:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега