Ракот ѝ се прошири и на коските на актерката: „Сакам да живеам

 

Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата во „Беверли Хилс“, во една искрена исповед проговори за ракот, кој моментно ѝ е во 4-та фаза.

Таа призна дека ракот се проширил и сега, освен на дојката, го има и на коските, а причината за нејзината исповед е да ги инспирира луѓето од целиот свет бидејќи со сите сили се бори за животот.

„Сè уште сакам да живеам. Не сум завршила со животот. Не сум завршила со љубовта. Не сум завршила со создавањето. Не завршив со ‘се надевам дека ги менувам работите на подобро’“, рече таа, а потоа додаде:

„Едноставно, не, не завршив“.

Нејзиното осумгодишно патување со ракот ја натера да размислува за големата слика на својот живот, како и за темата што ќе ја истражува во својот поткаст во стилот на мемоари, „Ајде да бидеме на чисто со Шанон Доерти“, премиерно прикажан на 6 декември на HeartRadio.

Таа во оваа пригода ќе зборува за врските и за кариерата, но и за многуте фази од болеста, пренесува „Пипл“.

Инаку, во јуни актерката сподели дека ракот се проширил и на мозокот, но туморот бргу бил отстранет.

30.11.2023 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега