Рамадани: Оправдан е револтот на граѓаните кон Бугарија
Оправдан е револтот на граѓаните кон Бугарија, вели за Детектор Исмет Рамадани, Претседател на Евро-атланскиот совет објаснувајќи го изборот на анкетираните кои го избраа нашиот источен сосед како земја со која имаме најлоши односи. Според него, со блокадата на интегративниот пат Бугарија и не може да очекува симпатии од Македонија.
„Многу јасно е дека Бугарија се постави доста лошо во однос на европските интеграции кон Македонија. Во исто време употребувајќи вето, мислам дека.... дури би рекол праведна е таа констатација односно тој однос на граѓаните од Северна Македонија кон Бугарија. Тие со нивните настапи, со нивните политички и државни лидери се почесто во последно време имаа многу негативен став кон идентитетот и јазикот на Македонците. И кога имаш таква ситуација, такви провокации, такви ставови, се разбира дека реакцијата доаѓа од граѓаните Македонци“ – вели Рамадани за Детектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа