Ратификација на договорите од „Отворен Балкан“ нема само во македонското Собрание

 

Македонското собрание е единствено кое се уште не ги ратификувало договорите од „Отворен Балкан“, со кои ќе се овозможи размена на работна сила согласно потребите на пазарот меѓу Албанија, Србија и Македонија

Претседателот за надворешна политика Антонијо Милошоски за Цивил Медиа вели дека се чека Собранието да закаже седница и да го стави на дневен ред гласањето за Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан.

Според националниот координатор за „Отворен Балкан“ Марјан Забрчанец опозицијата со своите блокади  е главен виновник зошто македонскиот парламент ги нема изгласано ратификациите на договорите од Отворен Балкан.

-За ратификациите е доволно мнозинството од владејачките партии, но имајќи предвид дека Отворен Балкан има поддршка од речиси 80% од граѓаните на земјава и огромни мнозинства од граѓаните во двете соседни земји, ратификациите треба да добијат најмалку 2/3 поддршка во Собранието, вели Забрчанец за Цивил Медиа.

 Главната придобивка од отстранувањето на работните дозволи е обезбедувањето подобри услови на мобилност на пазарот на труд во регионот. За голем број компании оваа мерка ќе значи пополнување нови работни места, а за граѓаните можност да заработат повеќе.

 

27.01.2023 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега