Разрешен директорот на Скопска зоолошка
По скандалот кој денес ја потресе јавноста, разрешен е вршителот на должност директор на Скопската зоолошка градина, Кристијан Стаменов, известуваат од Град Скопје и се оградуваат од индивидуално превземените дејствија на директорот.
„Културна, образовна и научна се основните дејности на ЗОО Скопје, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност. Личната одлука превземена од страна на директорот не соодветствува со основните заложби за хумано чување и одгледување на животни и за истото мора директорот да понесе одговорност, поради што истиот се разрешува“, објаснуваат од Град Скопје во соопштение испратено до медиумите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа