Разрешениот Села го разреши Таравари

 

На вториот конгрес на поделената Алијанса за Албанците, партиското крило одлучи да го реизбере Зијадин Села за претседател, и да го отстрани од челната партиска позиција актуелниот лидер, Арбен Таравари.

Во петокот, пак, на вонреден конгрес крилото предводено од Таравари, ја укина функцијата претседател на Собранието на партијата која ја извршуваше Села. Тогаш, Таравари беше реизбран за претседател на партијата.

Расколот во Алијансата се случи откако Тараври најави заендичко учество на изборите со опозициските партии од албанскиот блок, додека Села се залагаше за самостоен настап.

Таравари веќе ја објави својата кандидатура на претседателските избори и го повика лидерот на ДУИ, Али Ахмети да се кандидира за да си ги измерат силите.

 
18.02.2024 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега