Реџепи: Вчера Владата насилно го донесе сите пратеници

 Координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и на Алтернатива Скендер Реџепи денеска изјави дека Владата вчера покажала две работи: прво, дека нема доверба во своето мнозинство и дека се плаши од она што ќе го изнесе опозицијата во дебатата за доверба на Владата.  

-Од таа причина ние костатираме дека вчера Владата насилно го донесе сите пратеници.  Жално што и пратеници кои имале доста тешка ситуација домашна, да ги донесат во Собрание, што нема ни логика, ни човечки елементрани вредности. Од друга страна го искористи членот од Деловникот за да го злоупотреби правото на опозоцијата за да си го даде своето мислење за недостатоците на Владата во овие шест месеци, рече Реџепи.

Самиот факт дека вчера мнозинството заврши седум седници е доволен доказ дека тие насила ги донеле пратеници, а од денеска пак ќе почнат да се препукуваат. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега