Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот

Оваа победа не е само на ВМРО-ДПМНЕ, туку победа на целиот македонски народ кој се обедини за промени, за да си ја врати државата назад. Ве сте силата на Македонија, вие сте гласот на промените и надежта на оваа парче земја, вели Драган Ковачки носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Градско во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.

Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.

„Но, една добиена битка не значи опуштање. Туку значи уште поголемо обединување, заедништво, сплотеност и работа. Првиот удар го зададовме на 24 април, следува вториот удар со победа на 8 мај, а потоа следува трет удар. Третиот удар значи одговорност. Одговорност за сите криминали. Одговорност за целокупното предавство кое што го направија на Република Македонија“, рече тој.

Ковачки посочи дека граѓаните на 24 април покажале дека никој не може да си игра со народот, укажувајќи дека СДС не е само противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на македонскиот народ за кои што рече дека е достоинствен, работлив и чесен.

„Вие покажавте дека со народот никој не смее да си игра. Покажавте дека овој македонски народ е достоинствен, работлив и чесен. Покажавте дека ја сакате Македонија повторно горда и во вашите раце, затоа што вие сте суверенот на неа. Само вие, а не оние неколкумина од ДУИ и измеќарот СДС“, рече тој.

 

26.04.2024 - 18:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега