Регистрирани шест пожари, еве каде гореше

Шест пожари на отворено се регистрирани низ државава изминатото деноноќие, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во општина Ѓорче Петров гореле ниска вегетација и депонија. Ниска вегетација горела и во село Миладиновци, општина Илинден, потоа во регионот на прилепските нови гробишта, како и на територија на кавадаречката населба Глишиќ.

Останатите два се евидентирани на гевгелиска територија. Дива депонија горела во регионот на индустриската зона „Блок техно“, а пожар зафатил и деградирана ниско стеблеста шума на „Мрзненски рид“.

Сите шест пожари се изгаснати.

10.06.2024 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега