РЕК Битола партнер во дуалното образование на средни стручни училишта

 

 РЕК Битола од следната учебна година ќе формира дуална паралелка во соработка со СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар.

Со Меморандумот се овозможува од следната учебна година, учениците кои ќе се запишат на електротехничката струка, профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика, да изведуваат практична настава во РЕК Битола, под менторство на сертифицирано лице од комбинатот, посочи директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски.

-За разлика од практичната настава која со години ја изведуваат во комбинатот средни стручни училишта од Битола и регионот, во дуалната паралелка сертифицираното лице од РЕК Битола заедно со професорите ќе биде постојано со учениците за време на  практичната настава и континуирано ќе го следи нивното напредување, како и безбедноста на работното место, а воедно ќе учествува и во формирањето на оценката на ученикот, истакна Матевски.

Со формирањето на дуалната паралелка, РЕК Битола ќе стане верификувана компанија во доменот на дуалното образование, што претставува повисок општествен интерес на сите страни вклучени во образовниот процес и на македонското стопанство. 

14.02.2023 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега