Реконструкција на четири улици во Населба Лисиче
В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со стручни екипи од Општината денеска изврши увид во реконструкцијата на улиците „Димитар Македонски“ и „Лавчанска корија“, а наскоро ќе почне обновување и на улиците „Ернест Телман“ и крак од „Арх. Сотир Томовски“ во населбата Лисиче.
Како што информираат од Општина Аеродром, вкупната должина на улиците изнесува 1.200 метри, односно 7.250 м2 асфалт и нови тротоари во површина од 3.250 м2. Вредноста на проектот, кој е поддржан од Владата, изнесува 39 милиони денари.
-Со оваа инвестиција значително ќе се подобри инфраструктурата, безбедноста и квалитетот на животот на жителите на Лисиче. Продолжуваме со одговорна и темелна работа за поквалитетни услови за живот во секој дел од општината, се вели во денешното соопштение од Општина Аеродром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа