РФМ со честитки за победата на фудбалерите над Косово: „Момци со Вас сме, со срце за Македонија“

Фудбалската репрезентација на Македонија синоќа со 2-1 го совлада Косово во полуфиналето од плеј-офот од Лигата на нации. Честитки за успехот испрати и Ракометната федерација на Македонија:

„Ракометната Федерација на Македонија упатува искрени честитки за победата на нашата фудбалска селекција против селекцијата на Косово.

Секоја чест за борбеноста, истрајноста, силниот тимски дух, единството во составот и карактерот.

Момци со Вас сме !

Со срце за Македонија!!!“, стои во честитката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 10:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега