Ристова: Опозицијата блокира закон со кој ќе се реши статусот на 4700 наставници

Пратеничката на СДСМ Лолита Ристова во собраниската комисија за образование и наука истакна дека околу 4700 наставници во државата го очекуваат донесувањето на законот за наставници и стручни соработници, со кој очекуваат да им се реши статусот, да добијат правна и економска сигурност во државата.

„ Не можеме да дозволиме да ги одолговлекуваме процесите, коишто ќе овозможат решавање на статусот на наставниците и на стручните соработници, им порача Ристова на пратениците од опозицијата кои го блокираат донесувањето на законот. Испитувањата кои МОН покажуваат дека има 1464 наставници од средно и основно образование, на кои што 2 години не им е трансформиран работниот однос од неопределено на определено време, како и 2592 наставници во основно и 734 наставници во средно образование на кои над 2 години не им е трансформиран работниот однос, односно 4700 наставници го очекуваат да им се реши статусот, да добијат правна и економска сигурност во државата“, нагласи Ристова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.05.2021 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега