Ристовски со емотивна порака на „Инстаграм“: Ние сме шампиони во срцатa
Македонската фудбалска репрезентација вчеравечер загуби од Португалија и ги заврши активностите околу Светското првенство во Катар.
Поразот од „Драгао“ значеше и крај за нашите надежи дека кон крајот на оваа година ќе се пееше македонската химна на прекрасните стадиони. Капитенот Стефан Ристовски се обрати на социјалната мрежа Инстаграм, на што доби и искрен коментар од Бруно Фернандеш.
„Драги наши навивачи, Од срце сакам да ви се заблагодарам за моментите кои ги доживеавме. Ова беше неверојатно искуство за сите нас. Покажавме храброст и заедништво.
Сплотени дојдовме на чекор до остварување на сонот на многу генерации. Горд сум на тимот. Заедно славиме, заедно тагуваме. Верувам дека во иднина ова искуство ќе ни донесе нов пласман на големо натпреварување.
Македонско сонце го огреа светскиот фудбал. Ние сме шампиони на срцата, а некогаш тоа е поважно од сѐ. Нестрпливи до следниот предизвик. Верувајте во оваа Македонија. Напред Македонија, Рики“ стои во пораката на капитенот.
На истата, коментираше и Бруно Фернандеш кој кажа: Те сакам брату, ти си пример за сите во твојата држава.
Токму со двата гола на Фернандеш, Португалија обезбеди настап на Светското првенство во Катар. За потсетување, Стефан и Бруно играа две ипол сезони заедно во Спортинг Лисабон.
View this post on Instagram
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа