РКЕ донесе одлука: Нафтата и бензинот поевтинуваат

 


Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,86 % во однос на одлуката од 20.01.2025 година.

Од 28.1.2025 година од 00:01 часот малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит Малопродажните цени на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,042 ден/кг и сега ќе изнесува 45,631 ден/кг. 

Ова се новите максимални цени на нафтените деривати од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,631 (денари/килограм)

27.01.2025 - 13:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега