Захарова за Бербок: Што треба да очекуваме од личност што претставува срам за Германија

 


Од изборот на Аналена Бербок за претседател на 80-годишнината од Генералното собрание на ООН може да се очекува само самопромоција и фокусирање на сопствената агенда, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Поранешната шефица на германската дипломатија, позната по своите русофобни ставови, беше избрана во понеделникот за претседател на Генералното собрание на ООН.

За тоа гласаа 167 земји, а гласањето се одржа на барање на Русија, изјави извор во светската организација за „Спутник“.

„Што да се очекува? Секако, самопромоција и фокусирање на сопствената агенда бидејќи лицето влезе во меѓународните односи и во дипломатијата на својата земја Германија од политичка трамболина, а не од својата, но се најде на таа позиција, како што многумина знаат, индиректно“, изјави Захарова.

04.06.2025 - 10:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега