Роберто Кавали стана татко по шести пат на 82 години

 

 

Роберто Кавали стана татко по шести пат на 82 години.

Италијанскиот моден дизајнер, чие богатство е проценето на 500 милиони долари, има пет деца од два претходни брака, а последното дете го доби со неговата девојка Сандра Нилсон (38), поранешна манекенка и Плејбој зајчица.

Во интервју за италијанскиот госип-магазин „Новела 2000“, тој му кажа на новинарот дека е пресреќен што има уште едно дете, и дека момчето го добило името Џорџо во знак на почит на неговиот татко кого нацистите го застрелале пред крајот на Втората светска војна.

„Сандра е добро, а бебето кое се роди пред една недела токму овде во Фиренца е прекрасно. Беше навистина емотивно да го видам синот веднаш откако се роди.“

„Неговото име е Џорџо, како неговиот дедо, татко ми… кого нацистите го застрелаа во масакрот во Кавриља кога имав четири години.“

Кавали и поранешната шведска манекенка се во врска од 2014 година, а ова е нивно прво дете.

 
09.03.2023 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега