Родилката од Битола чие бебе почина: Па дури и обдукцијата да ја наместите, нема никогаш мирно да спиете

 

Родилката од Битола, Викторија Крстевска, чие бебе почина при породување, преку социјалните мрежи си ја бара отпусната листа од болницата во Битола. Таа посочува дека 12 дена не ја добила, а смета дека причината е што на вработените им се прироитет приватните обврски. Таа прашува: „И, нема мучканици?“. Родилката посочува дека се сомнева оти обдукцискиот наод може да биде наместен, а истиот до сега не го добила.

„Во која нормална држава, со нормални услови и каде што партиите и “Ко је јачи у парама” не се водечката каписла, се дозволува 12 дена да си дома, а сеуште да не си испишан од болница и да се водиш таму!? А истото треба да е веднаш, кога си одиш од болница!!!  Ете јас после 12 дена сеуште немам отпусно писмо. Сеуште мојата историја ја нема. Како технички си испишана, а документ од мене нема??? Никаде?  И нема мучканици? Или народски речено, “Чекај да се погодиме на смена заедно, напрајвме шо напрајвме, дај шо да напишиме да се извајме, да налепиме друг или да напрајме се да е подмачкано”? Или ај бе кога ќе стигниме, сигурно плаче пушти ја дома, не и е дојдено до ова.. А?  Не кажувате ништо, ниту за комисијата, а ниту добив одговор на прашањето зошто немам отпусно писмо денес кога дојдов во тоа проклето одделение, а оти? Нормално, оти си бркате приватни обврски, А па ние извештај чекаме…“, пишува Крстевска.

Таа прашува дали вработените во битолската болница мислеле дека секое чудо ќе биде за три денови, па додава: „’О’ од обдукција во следните две недели нема да има, зошто? Па, сигурно се на одмор, иако е наредено да се направи да е во најбрз можен рок. Или пак ќе ме вртите исто како што ми нудевте брда и долини за побрзо да ме истерате од болницата. Јасно е дека има позадина, барем бидете храбри и признајте. Дури сум жива ќе ве гонам сите кои згрешивте за смртта на моето бебе. Па дури и обдукцијата да ја наместите, пошто знам, јасно и гласно ми беше кажано дека ве крепат, кој пари – кој партија, никогаш мирно нема да спиете. Ќе ве прогонува мојот Јован, Јана и уште други илјадници други деца кои вака безмилосно сте ги убиле.Ќе се борам до крај!“, додава таа.

Родилката Викторија Крстева чие бебе почина по раѓањето во битолската болница,  се огласи и по четири дена од трагичниот настан. Најави дека нема да отстапи од барањето правда, но и дека дел по дел ќе обелодени сѐ. На медицинскиот персонал му порача: „Ништо нема да ве испере“. Крстева пишува дека имала најздрава бременост.

25.04.2023 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега