Романија: Исчезнатото двегодишно девојче пронајдено мртво
Двегодишната Раиса Марија, која исчезна вчера во Долж, е пронајдена мртва недалеку од нејзиниот дом, соопшти Телеграф.рс.
Телото на девојчето со траги на насилство било пронајдено во нива на околу 400 метри од нејзиниот дом.
Малата Раиса Марија исчезнала вчера во раните попладневни часови, додека си играла со други деца во дворот. Родителите најпрво мислеле дека таа отишла кај баба и која е на само неколку метри. Меѓутоа, набрзо сфатиле дека детето никогаш не стигнало до својот дедо.
Потрагата започна веднаш. Во текот на целата ноќ на теренот имало повеќе од 150 полицајци, волонтери и граѓани, а во потрагата биле вклучени хеликоптер, дронови и кучиња трагачи. За жал, телото на девојчето било пронајдено околу 10 часот утринава, а се претпоставува дека е убиена.
Според романските медиуми, телото на девојчето било пронајдено во густа вегетација.
Засега не е познато дали некој е приведен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа