РСБСП со апел за Св. Трифун: "Вози безбедно, вози со љубов"
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата испраќа апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.
-Празниците се одличен момент за споделување на радост и спомени со блиските и саканите. Но, за тие да бидат полни со љубов, потребно е совесно и одговорно учество во сообраќајот, апелираат од РСБСП.
Оттаму советуваат доколку граѓаните пијат алкохол, да не управувајте со моторно возило, да користат јавен превоз, да возат со внимание и да се грижат за безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
-Почитувајте го животот – животот е еден! Ако го прославувате Св. Валентин – опијте се од љубов, а ако
наздравувате за Св. Трифун – покажете одговорност. Честит празник на љубовта и виното, возете одговорно!, порачуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа