Русија: Украинците се заробени во Курск, блокирани се од сопствените мини
Украински војници во близина на населбата Гоголевка во областа Курск не можат да се повлечат поради сопствените мини и со тоа ја загубија последната шанса да избегаат на украинска територија, тврди руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на извор од руските безбедносни агенции.
Како што рече соговорникот на агенцијата, станува збор за војници на вооружените сили на Украина кои се распоредени југоисточно од Гоголевка. Според ТАСС, тие ја минирале областа за да го спречат напредувањето на руската армија. „Во исто време, вооружените сили на Украина стационирани во оваа област ја загубија последната шанса да избегаат во областa Суми“, додаде тој.
Дописникот на „Известија“, Александар Сафиулин, цитирајќи командант на баталјон, сподели дека вооружените сили на Украина се блокирани низ целиот регион и без логистика. Се наведува дека на Украинците им остануваат две опции: или да се предадат или да бидат уништени од руските борци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа