Руска докторка предупредува: Поради ова брзиот тест за коронавирус излегува лажно негативен!
Не е реткост брзиот тест за коронавирус да покаже лажно негативни резултати. И нашите и светските експерти велат дека доколку резултатот е позитивен, не постои сомнеж – заразата постои.
Меѓутоа, ако е негативен, тоа не мора да биде стопроцентно точно. Зошто ова се случува, објаснила руската докторка Надежда Чернишова.
Таа напоменува дека најдобро е пред тестирањето да не пушите, бидејќи тутунот може да влијае врз вистинитоста на резултатот. Исто така, открила што уште треба да одбегнувате кога одите да се тестирате, за да бидете сигурни дека примерокот нема да биде контаминиран и дека ќе покаже прецизни резултати.
Според специјалистите, пред да правите тест, исклучително важно е да се исклучат какви било механички ефекти на назофаринксот, односно на носниот дел од ждрелото.
„Не треба со ништо да го испирате носот пред тестот, ниту да ставате капки. Најчесто вирусот не се открива кога личноста претходно ставило капки или го испирала носниот дел од ждрелото со физиолошки раствор или морска вода. Во овој случај, вирусот може механички да се ’измие’ или уништи и тогаш тестот ќе биде негативен. Од истата причина, подобро е и да не го дувате носот“, вели докторката.
Докторката додала и дека за почисти резултати, многу подобро е да се воздржите од пушење.
„Се случува личноста да капне нешто во носот, да го намачка со маст или да го издува и да добие негативен тест, иако присутни се симптоми на коронавирус“, заклучила докторката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа