Руски астролог тврди: 2022 година ќе биде убедливо најдобра за овој хороскопски знак

 

Благодарение на положбата на Јупитер, Овните ќе почувствуваат големо подобрување на квалитетот на животот. На овој хороскопски знак во текот на 2022 година, буквално сѐ ќе му оди од рака.

Според астролозите, оваа година ќе биде еден вид пресврт. Експанзивниот Јупитер преминува во Овен на 10 мај првпат во последните 10 години и во тој период неговата активност и влијанието врз овој знак ќе бидат најсилни.

Јупитер се смета за добра планета, поточно за планета на растот и среќните околности. Тој носи храброст, преземање ризици, го зголемува целите и соништата и така ќе биде до 28 октомври.

Како оваа положба на планетите ќе влијае врз животот на Овните?

Ќе почувствувате наплив на позитивна енергија и ќе бидете подготвени за нови подвизи. Доколку веќе некое време размислувате за покренување сопствен бизнис или за промена на работното место, во овој период можноста за тоа е идеална.

Позитивно влијание ќе почувствувате и на поле на љубовта. Оние што се во врска ќе живеат во вистинска хармонија, додека слободните ќе имаат можност да запознаат интересни луѓе кои ќе се борат за нивната наклоност. Нема да морате многу да се трудите оваа година, додворувачите ќе пристигнуваат од сите страни.

Што се однесува до здравјето, и тука вестите се убави. Поради поволната положба на Јупитер, ќе бидете поштедени, без поголеми здравствени компликации.

20.01.2022 - 13:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега