Руски напади во Украина: Едно лице загина, 12 се повредени

 

Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени во руските напади во текот на ноќта во Украина, изјави денеска украинскиот министер за внатрешни работи, Игор Клименко.

Килменко на „Телеграм“ напиша дека една жена е убиена во руски напад во областа Одеса, а меѓу ранетите има и две деца, едното во Киев, а другото во Запорожје.

Во рускиот напад на Запорожје беа повредени осум лица, меѓу кои и едно 14-годишно момче.

26.09.2024 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега