Самарџиев за Прес24: На местото на несреќата во Росоман присутни се јавен обвинител, полицајци и пожарникари

 

Портпаролот на СВР Велес, Ристо Самарџиев за „Прес24“ ја потврди информацијата дека утрово се случила сообраќајна несреќа кај Росоман, во која две лица загинаа, а тројца се повредени. Станува збор за верижен судар, во кој учествувале четири автомобили.

„На лице место на настанот се присутни јавен обвинител, полициски службеници и пожарникари. Повеќе информации не можам да дадам“, кратко ни изјави порпаролот Самарџиев во телефонски разговор. 

Итната медицинска помош веднаш заминала на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Во спасувачката акција биле вклучени и вработени кои не биле на смена, но биле спремни да помогнат во секој момент. 

„Смртта кај двете лица беше констатирана на лице место“, изјави д-р Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци. 

На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари. 

Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден. 

10.08.2023 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега