СДСМ: Анкетите потврдуваат дека СДСМ е убедлив фаворит кој го има најдоброто

Анкетата на Брима е вистинска потврда дека граѓаните ги препознаваат одговорните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, велат утринава преку соопштение од СДСМ.

-СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ, а коалицијата „Можеме“ има значително водство, кое бележи постојан растеж. Истовремено, претседателот Зоран Заев ја има убедливо најголемата доверба од граѓаните, токму со храбрите, визионерски и државнички одлуки, стои во соопштението.

Од партијата велат дека Заев има двојно поголем рејтинг од Христијан Мицкоски.

-Од друга страна, оваа анкета истовремено покажа дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните, погубни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи граѓаните знаат дека тој нема капацитет да донесе промена, знаат дека тој не може да си ја реформира ниту сопствената партија. На граѓаните им е јасно дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги враќаат парите назад, затоа што тие 11 години грабаа од граѓаните, а како опозиција беа против секоја мерка која носеше повеќе пари за семејствата.

Затоа, потенцираат тие, на претстојните избори ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов, силен пораз од граѓаните.

23.07.2021 - 08:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега