СДСМ: Додека Заев во Брисел се бори за државните и национални интереси, изолираната ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести

Додека претседателот Зоран Заев во Брисел се сраќава со политичкиот врв на Европската унија и прави се да продолжи интегративниот процес, бранејќи ги националните и државни интереси, ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски, шири лажни вести и блокира се што е во интерес на граѓаните, реагираат од СДСМ.

„Наместо да ги брани интересите на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ брани криминал, наместо да ги застапува државните и националните интереси, ВМРО-ДПМНЕ ги застапува интересите на Мицкоски.

Блокадите на Законот за клинички центар, Законот за служба во Армијата и други двесеттина закони покажува дека во оваа партија нема ништо патриотско, туку дека едноставно се на спротивната страна од интересите на граѓаните.

Поради таквиот однос ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски шест пати се казнуваат од граѓаните и поради таквиот однос уште долго ќе бидат опозиција.“ стои во реакцијата од СДСМ на соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 08:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега