СДСМ го одржува 29. Конгрес на кој ќе се разгледуваат изборните резултати

Досегашниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски пред почетокот на Конгресот нагласи дека делегатите ќе се изјаснат за доверба во органите на партијата кои ги избира Конгресот и на кој делегатите ќе можат да разговараат за сите прашања поврзани со изборите, но и за работењето на партијата во изминатиот четиригодишен период.

Ковачевски очекува денешниот Конгрес да биде успешен и од него, како што рече, СДСМ да излезе посилен, пообидинет и да влезе во процесот на финализирање на изборот на нов претседател и на новото раководство.

Одговарајќи на новинарско прашање дали очекува директни напади од членовите на партијата за водењето на партијата и поразот што партијата го прерпе на изборите,  Ковачевски истакна дека очекува отворена дебата за сите прашања што влијаеле на изборните резултати.

-Она што имав да го кажам, го кажав и на 8 мај и на денот кога официјално се повлеков од функцијата претседател на СДСМ на 22 мај.  Очекувам отворена дебата и да се разговара конструктивно и отворено за сите прашања кои што влијаеа на изборниот резултат на овие избори,но и на изборите во 2021 година, бидејќи тогаш не беше одржан отчетен Конгрес. Делегатите ќе имаат за што за што да разговараат, рече тој. 

Како што потенцира Ковачевски, на Конгресот се очекува свои оделни експозеа да имаат членовите на раководството, Форумот на жени и другите членови на раководството.

09.06.2024 - 13:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега