СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со ист став: Парите не ги враќаме - доволно дониравме за време на пандемијата

Партиите денеска со ист став дека во саботата донесениот Законот за финансирање на политички партии предвидува намалување на средствата што се предвидени за политички партии и тоа по 30 отсто за оваа и следната година.

СДСМ, според пратеничката Фаница Николоска, истакна дека ако се спореди со 2019 година токму поради економската криза предизвикана од коронавирусот има намалување со 30 отсто.

-Тоа е со консензус на сите политички партии освен од една која што беше против тоа намалување предложено од другите политички партии. Секако СДСМ како одговорна политичка партија и во изминатиот период  и Владата предводена од СДСМ покажа во духот на солидарноста дека е секогаш спремна и Владата да им помогне на граѓаните со предвидување финансиски средства со кој што беа опфатени граѓаните од најранливите категории со изминатите три пакети мерки, сега на ред е и четвртиот пакет мерки, рече Николоска.

Потсети дека СДСМ како политичка партија и дел од функционерите во изминатиот период донирале средства таму кацде што биле најпотребни, но исто така нагласи дека доколку има потреба тие ќе донираат средства за да се помогне и во фондот кој што е отворен за обезбедување на финансиски средства за справување со коронавирусот.

Никола Мицески, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повтори дека средствата за политичките партии се намалени и оти опозициските пратеници, онака како што најавиле, учествувале при носењето на законите поврзани со ковид – кризата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.12.2020 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега