СДСМ: Мицкоски, време е да го исполниш ветувањето за оставка ако ги загубиш изборите или ако не направиш Влада

ВМРО-ДПМНЕ и најголемиот шпицен аутсајдер Мицкоски по изборниот пораз го достигнуваат врвот на сопствената дезориентација, велат од СДСМ преку соопштение утринава.
 
„Политичката катастрофа на Мицкоски се темелеше на тоа што тој немаше став за најкрупните политички прашања важни за државата. Но, од синоќа Мицкоски гази во нов негативен феномен, а тоа е заборавањето или газењето врз сопствениот збор. Среде телевизиско соочување во кампањата,  самиот тврдеше дека е против техничка Влада по Пржински модел, за вчера преку партиско соопштение да се противи на најавата за укинување на Пржинската влада“ наведуваат од СДСМ.
 
Од партијата велат дека очигледно е дека кај Мицкоски има нов проблем, освен што не знае политика, економија и енергетика, почнал и да заборава и да гази врз клучни работи кои самиот тој јавно ги кажал.
 
„Еве нов предизвик за Мицкоски и помош за него да си достои на зборот: памети ли шпицниот аутсајдер Мицкоски дека пред цела јавност вети оставка на функцијата во партијата доколку ги изгуби изборите или доколку не направи Влада? Време е Мицкоски, исправи се, погледни си во очи и потсети се на твоето ветување пред изборите - политичарите се големи онолку колку што имаат јасно дефиниран став и онолку колку што стојат на сопствениот збор. Голем е твојот пораз Мицкоски, исполни си го твоето големо ветување - оставка! “ стои во партиското соопштение на СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.08.2020 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега