СДСМ: Сметките горат, владата да ги врати субвенциите за струја

 
Покачените сметки за струја за дури 30% се уште еден огромен ценовен шок за граѓаните, после поскапувањето на храната и парното. Астрономски високите сметки за струја се директна последица на неспособноста на владата на Мицкоски и ДПМНЕ, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
 
Со укинувањето на субвенциите за струја, ВМРО ДПМНЕ жестоко удри по џебот на граѓаните.
 
Во финансиски најтешкиот месец во годината, сметките за електрична енергија се драстично повисоки споредено со претходните месеци.
 
Соочени со сметки кои достигнуваат од по 8.000, 10.000, 15.000 денари, дел од граѓаните бараат начин како да ги платат, а други  бараат коригирање на сметките.
 
Ова е се само дел од низата погрешни одлуки на ДПМНЕ со кои за осум месеци го сразија стандардот на граѓаните.
 
Ова е доказ за нивната незаинтересираност за животот на граѓаните.
 
Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ без грам емпатија, со своите погрешни политики, ги втурна граѓаните во егзистенцијална криза - историски најбрзо го доведоа народот до просјачки стап!
 
Оставени на милост и немилост, луѓето се доведени во состојба да бираат дали да платат сметки за струја и парно или да купат храна.
 
ДПМНЕ ги изневери и ги разочара граѓаните, едно ветуваа пред избори, друго прават како власт, граѓаните се оставени сами на себе.
СДСМ има решение, ја повикуваме Владата итно да донесе одлука за укинување или намалување на ДДВ-то за струја и парно, како помош за граѓаните да го пребродат овој тежок период, изјави Кузеска.

08.02.2025 - 12:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега