СДСМ: Со Планот за економски раст помогнати се 800 компании со околу 70 милиони евра

 
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев континуирано обезбедува поддршка на домашната економија, велат во соопштение од СДСМ.
 
 „Во изминатите три години со околу 70 милиони евра поддржани се 800 компании преку Планот за економски раст. Од нив, 42 милиони евра се средства од Фондот за иновации и технолошки развој, односно буџетски пари вложени директно во домашната економија, инвестирани во развој и отворање на нови добро платени работни места“ стои во соопштението.
 
 Од таму велаѕ дека бројните статистички податоци потврдуваат дека економските политики на Владата предводена од СДСМ даваат резултат. 
 
„ Последиците од коронакризата се надминуваат, во изминативе месеци се забележува раст на просечната плата, раст на извозот и индустриското производство, додека стапката на невработеност бележи благ пад.
 Токму овие податоци се показател дека денес македонската економија е стабилна, развојна и динамична.
 
 Поддршката за домашната економија од страна на Владата предводена од СДСМ продолжува и понатаму. Во тек е реализација на петтиот и шестиот пакет економски мерки.

 

 Како одговорна партија остануваме посветени на креирање и реализација на мерки и политики во интерес на работниците и стопанството“ се вели во соопштението.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2021 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега